Думбовиќ: Се надевам дека нема никој повеќе под урнатините

пред 6 години

„Се надевам дека веќе нема никој под урнатините“, изјави градоначалникот на Петриња Даринко Думбовиќ за ХРТ.

„Не доаѓајте во Петриња неорганизирани, не носете градежни материјали сега, бидејќи сега немаме каде да ги ставиме. Ви благодарам на сите, но засега нема како да се помогне, тоа ќе ни треба по неколку дена“, вели градоначалникот.

Тој вчера во емотивна изјава за медиумите рече дека е уништен половина град, по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала којшто ја погоди Хрватска.

Share
Scroll to Top