Евакуиран плоштадот Трафалгар во Лондон

пред 2 години

“Трафалгар Сквер”, најпознатиот плоштад во Лондон, утрово беше евакуиран.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Снимките на социјалните мрежи покажуваат полициска лента на улица, додека полицајците ги пренасочуваат возилата и луѓето, пренесува Дејли Мејл.

Патот бил затворен, а на пешаците им било кажано да се засолнат од овој крај. Некои сугерираат дека еден хотел е евакуиран, но тоа не е потврдено.

„Мирор“ јавува дека евакуацијата била поради сомнителен пакет, додека некои сведоци наводно рекле дека слушнале силна бучава. Но, ниту овие наводи не се потврдени.

На местото на настанот излегле и пожарникари.

Да потсетиме, прославата по повод 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора, која започна во четвртокот и ќе трае до недела, ќе продолжи денеска во Лондон.

Share
Scroll to Top