Европа да се подготви за осум милиони бегалци

пред 2 години

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека очекува дополнителен бран бегалци од Украина.

„ Мора да бидеме свесни дека досега повеќе од три милиони луѓе ја напуштија Украина, но мора да сметаме на тоа дека ќе побегнат уште повеќе милиони луѓе“, рече таа пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Според неа, се проценува дека ЕУ ќе мора да прими осум милиони бегалци од Украина. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, пред две недели предвиде дека околу пет милиони бегалци од Украина ќе пребегнат во Унијата.

Досега Германија има регистрирано 225.357 бегалци од Украина, соопшти Министерството за внатрешни работи, кое очекува дека бројот на бегалци од Украина кои доаѓаат во Германија ќе продолжи да расте.

Сега е важно, се додава, луѓето што доаѓаат да бидат распоредени во Западна Европа.

Само денеска се планира транспорт на бегалци од 70 градови од поголемите во помалите, со што ќе се олеснат градовите како Берлин, Хамбург или Минхен.

Share
Scroll to Top