Европа светски лидер во производство на вакцини кон крајот на 2021 година

пред 3 години

До крајот на годината Европа треба да стане светски лидер во производство на вакцини против коронавирус со 52 фабрики на континентот, изјави денеска комесарот за внатрешен пазар на Европската Унија, Тиери Бретон, во Шпанија.

Бретон исто така рече дека Европа треба да има доволен број вакцинирани лица во текот на летото, веројатно до средината на јули, со цел да се постигне нивото на глобален имунитет“, пренесува „Ројтерс“.

До крајот на годината, Европа треба да има капацитет да произведе помеѓу две и три милијарди дози, рече комесарот во фабриката на фармацевтската компанија „Риг Џофре“ во Барселона, која од вториот квартал ќе започне со производство на вакцина против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ .

Share
Scroll to Top