Европската комисија започна постапка против Кипар и Малта за „златните пасоши“

пред 3 години

Европската комисија поведе прекршочна постапка против Кипар и Малта поради практиката на доделување државјанство на странски инвеститори, т.н. „златен пасош“.

Комисијата смета дека доделувањето на државјанството на овие земји-членки, а со тоа и на државјанството на ЕУ, во замена за предодредено плаќање или инвестиција и без вистинска врска со засегнатите земји-членки, не е компатибилно со принципите на Договорот за ЕУ.

Брисел проценува дека ваквото однесување исто така го нарушува интегритетот на статусот на државјанство на ЕУ, предвиден во член 20 од Договорот за функционирање на Европската унија.

Владите на Кипар и Малта имаат рок од два месеци да одговорат на официјалното известување на Комисијата за започнување на постапката, испратено во писмена форма.

Share
Scroll to Top