На меѓународната донаторска конференција во Варшава, Европската комисија објави пакет помош од 200 милиони евра за украинските бегалци и раселени лица.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Денес се собравме со јасна цел: да го поддржиме храбриот украински народ, кој се бори против агресорите и за својата слобода“, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
Таа вети 200 милиони евра помош во име на Комисијата.
Минатиот месец, на донаторската конференција за Украинците внатре и надвор од земјата, ветената помош достигна 9,1 милијарди евра.
„Знаеме дека ќе биде потребно повеќе и ќе продолжиме да и’ помагаме на Украина“, додаде таа.
Околу осум милиони луѓе, од кои две третини се деца, се раселија во Украина од почетокот на војната, а повеќе од 5,3 милиони Украинци најдоа засолниште во ЕУ и соседните земји.