Европската комисија предлага план за борба против новите видови на коронавирусот

пред 3 години

Европската комисија предложи план за подготовка на Европската Унија за справување од зголемената закана од нови варијанти на коронавирус.

Новиот план вклучува забрзување на процесот на одобрување на вакцините прилагодени на новите видови и зголемување на производството.

Планот е наречен „ХЕРА инкубатор“. ХЕРА е планирана агенција на ЕУ за одговор на здравствена криза (кратенка за Орган за одговор на здравствени итни случаи).

„За да бидеме чекор напред, го започнуваме инкубаторот ХЕРА, кој ќе ги обедини научниците, индустријата и јавните власти и ќе ги мобилизира сите расположиви ресурси за да може да одговори на овој предизвик“, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

“Наш приоритет е да им дадеме на сите Европејци пристап до безбедни и ефективни вакцини што е можно поскоро. Во исто време, брзо се појавуваат нови варијанти на коронавирус и ние треба да го прилагодиме нашиот одговор уште побрзо”, додаде таа.

Планот предвидува 75 милиони евра, европско финансирање за развој на специјализирани тестови за нови варијанти и поддршка за секвенционирање на геномот на вирусот за идентификување на нови варијанти.

150 милиони евра ќе бидат наменети за зајакнување на истражувањето и размена на податоци за нови варијанти.

Планот, исто така, има за цел да го забрза одобрувањето на вакцините прилагодени на новите варијанти врз основа на моделот на вакцини против грип.

Share
Scroll to Top