Европскиот парламент го усвои буџетот на ЕУ за 2021 година

пред 4 години

Европскиот парламент го одобри буџетот на Европската унија за следната година.

Приходниот дел од него изнесува 164,3 милијарди евра, а расходниот дел – 166,1 милијарди евра.

Откако Советот официјално го одобри договорот со ЕП во понеделникот, европратениците денеска го одобрија буџетот со 540 гласа „за“, 77 „против“ и 70 воздржани, по што законот го потпиша претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли.

Европратениците дополнително ги поддржаа програмите што се сметаат за клучни за зајакнување на растот и вработеноста и ги рефлектираат широко договорените приоритети на Европската унија: Дигитална Европа и Механизмот за поврзување на Европа (ЦЕФ), зајакнување на почитувањето на европските вредности и стимулирање на дејствијата од областа на климата.

Share
Scroll to Top