Европскиот суд на правдата ја осуди Германија за кршење на правилата за загадување на воздухот

пред 3 години

Во многу германски градови, концентрацијата на штетни азотни оксиди во воздухот е значително поголема со години отколку што дозволува граничната вредност на ЕУ.

Европскиот суд на правдата сега ја одобри тужбата на Европската комисија против Германија, пишува Дојче веле.

По Франција, Европскиот суд на правдата ја осуди и Германија, бидејќи во многу градови на таа земја, граничните вредности на азот диоксид (NO2) со години се значително надминати. Германија го прекршила законот на ЕУ, оценил судија во Луксембург.

Како што се наведува, граничните вредности од 2010 до 2016 година во 26 градови „систематски и континуирано“ биле надминати. Пресудата засега не предвидува казни или санкции.

Пресудата против Германија не исклучува нови обврски, на пример за дизел возила на одредени места. Сепак, квалитетот на воздухот во германските градови неодамна се подобри, меѓу другото и поради пандемијата.

Според податоците на Министерството за заштита на животната средина, во 2016 година, граничните вредности во 90 градови биле „значително запоставени“. Оттогаш, тој број се намалува секоја година. Како што се наведува, прекумерно загадување со азотни оксиди во 2019 година имало само во 25 градови, а за време на короната во 2020 година во само шест градови, меѓу кои се и Минхен и Хамбург.

Европската комисија поднесе тужба против Германија во Врховниот суд на Европската унија во 2018 година за кршење на договорот.

Share
Scroll to Top