Европски комесар задоволен со руската вакцина: „Спутник В“ треба да се произведува во ЕУ

пред 3 години

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тери Бретон рече дека вакцината „Спутник В “ е добра вакцина и дека е потребно да се обезбеди нејзиното производство во ЕУ.

„Спутник В“ е веројатно добра вакцина. Русија има добри научници, нема причина да се сомневаме во тоа. Тие доставија барање до Европската агенција за лекови, ќе видиме дали ќе биде одобрено“, рече тој.

Вакцината „Спутник В“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Европската агенција за лекови започна со тестирање на руската вакцина на 4 март.

Извор запознат со процесот рече дека одлуката за конечно одобрување може да биде донесена во мај, пренесуваат медиумите во Европа.

Share
Scroll to Top