Египет и Катар ќе ги обноват дипломатските врски

пред 4 години

Египетското Министерство за надворешни работи информира дека Каиро се согласил да ги обнови дипломатските врски со Доха, пренесува „Спутник“.

„Арапската Република Египет и државата Катар разменија две официјални белешки денес, 20 јануари, според кои двете земји се согласија да ги обноват дипломатските односи“, се вели во соопштението.

Соопштението доаѓа во пресрет на заедничката декларација на Катар и земјите од Заливот, заедно со Египет, за решавање на сите несогласувања со Доха по тригодишниот конфликт.

Минатата недела Египетската управа за цивилно воздухопловство објави продолжување на воздушниот сообраќај со Катар и укинување на воздушното ембарго претходно наметнато на авиокомпаниите во земјата.

Во 2017 година Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Бахреин и Египет ги прекинаа дипломатските врски со Катар обвинувајќи го за мешање и спонзорирање на тероризмот. И неколку други земји подоцна го сторија тоа, а други ги намалија дипломатските врски со Доха и воведоа целосна блокада на земјата.

Доха постојано ги негира обвинувањата тврдејќи дека незадоволството на нејзините соседи од економските успеси на нацијата е причината зад нивните непријателски политики.

Share
Scroll to Top