Експерт од Германија: Повратниците од одмор ќе ги рашират новите видови на коронавирус

пред 3 години

Нов бран на заразени со коронавирус се очекува во Германија и во многу европски земји, а причината ќе бидат повратниците од одмор и мутациите на вирусот, предупредува здравствениот експерт на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Карл Лаутербах.

Индискиот вид најверојатно ќе се прошири во бројни европски земји во наредниот период, изјави тој за медиумите.

„Преку повратниците од одмор, оваа мутација значително ќе се прошири и во Германија најдоцна на есен“, убеден е тој.

Засега, вели Лаутербах, нејасно е во колкав размер ќе се рашират новите видови на коронавирус, но според него во Европа мора да се очекува нов бран на заразени на крајот на летото.

Тој предупреди дека постои можност на есен да се појави и нов вид на коронавирус.

Share
Scroll to Top