Експлозии во Киев – денот започна со сирени

пред 2 години

Во близина на Киев утрово повторно одекнаа експлозии, јавува Би-Би-Си.

Британскиот јавен сервис наведува дека денот во главниот град на Украина започнал со алармни сирени, по што од правец на предградијата се слушнале силни експлозии.

Вибрациите, како што се додава, биле почувствувани и во центарот на Киев.

Дописникот на Би-Би-Си од Киев напиша на Твитер дека звуците на артилерија се слушаат од периферијата на градот.

Тој истакна дека не е јасно дали експлозиите биле предизвикани од руски или украински сили или и од двете.

Вчера, по преговорите со Украина во Истанбул, Русија објави дека драстично ќе ги намали операциите во близина на Киев и Чернигов.

Share
Scroll to Top