Драма во Темишвар: млад човек повеќепати бил прободен со нож во срцето, па оставен да умре на улица

Експлозија во Романија, повредени најмалку 13 лица

пред 7 месеци

Најмалку 13 лица се повредени денеска во експлозија во трговски центар во североисточна Романија, соопштија локалните власти.

Еден од повредените е во тешка состојба и е интубиран, а 10 се со разни трауматски повреди и изгореници и добиле лекарска помош, пренесува АП.

Мобилна единица за интензивна нега е испратена на местото на експлозијата во градот Ботошана, во областа Сучава, соопшти итната помош.

Ангажирани се хеликоптери на брзата помош, а на терен се испратени две возила на брзата помош и две противпожарни возила за гаснење на пожарот.

Според првите извештаи, засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата, ниту дали се повредени клиенти или членови на персоналот.

Текстот Експлозија во Романија, повредени најмалку 13 лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top