Екстремни мерки: Русија ќе им го конфискува имотот на критичарите на војната на Путин

Екстремни мерки: Русија ќе им го конфискува имотот на критичарите на војната на Путин

пред 12 месеци

Долниот дом на рускиот парламент даде конечно одобрување на новиот закон, кој ќе им овозможи на властите да им го конфискуваат имотот на луѓето осудени за намерно ширење лажни вести за војската. Државната Дума го одобри законот во трето и последно читање, објави претседателот на долниот дом, Вјачеслав Володин, на својот официјален канал на „Телеграм“.

Мерката ќе важи и за оние што се прогласени за виновни за дискредитација на вооружените сили, за оние што бараат санкции против Русија и за оние што се прогласени за виновни за поттикнување екстремистичка активност.

Новиот закон, кој допрва треба да биде одобрен од горниот дом на парламентот и од претседателот Владимир Путин, ќе ѝ овозможи на државата да им ги заплени имотите на Русите што ја напуштија земјата и ја критикуваа војната во Украина и продолжуваат да се потпираат на приходите од изнајмување на нивните домови или станови во Русија.

Тоа е најекстремната мерка за заплашување на критичарите на војната на Путин против Украина досега.

Текстот Екстремни мерки: Русија ќе им го конфискува имотот на критичарите на војната на Путин е превземен од МАКФАКС.