Европската комисија покрена нова постапка против „Астразенека“ пред судот во Брисел, поради доцнењето на испораката на вакцини против Ковид-19.
Официјални лица запознаени со случајот изјавија дека тужбата претежно е од процедурален карактер, објави „Ројтерс“.
Првиот случај беше покренат во април и ќе и овозможи на ЕУ да побара евентуално парични казни.
Првиот случај се однесуваше на барањето за побрза испорака на вакцините, додека во вторипт случај се работи за суштински факти.