Во голем број земји во Европа има нов бран на зараза со Ковид-19 поради високо преносливите мутации на Омикрон сојот на вирусот, изјави Марко Кавалери од ЕМА во онлајн обраќање.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој соопшти дека мутациите на омикрон BA.4 и BA.5 се очекува да станат доминантни низ целиот континент и најверојатно ќе ги заменат другите варијанти до крајот на јули.
Како што рече, иако нема докази дека новите подсоеви предизвикуваат потешки форми на болеста од претходните, зголемениот пренос кај постарата популација покажува дека болеста станува се потешка.