Новиот австралиски премиер Ентони Албанес положи заклетва пред заминувањето на самитот во Токио на кој ќе присуствува и американскиот претседател Џо Бајден.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Поранешниот лидер на левоцентристичката опозиција, кој истакнува дека неговата земја е подготвена да се вклучи во борбата против климатските промени, ќе учествува на самитот-САД, Индија, Јапонија, Австралија во вторник во Токио.
На собирот покрај Бајден ќе учествуваат и јапонскиот премиер Фумио Кишида и индискиот премиер Нарендра Моди.
Новиот 59-годишен премиер положи заклетва на кратка церемонија.
Меѓу членовите на неговиот тим кои ја презедоа функцијата се и министерката за надворешни работи Пени Вонг, која ќе му се придружи на Албанес на самитот во Токио, министерот за буџет Џим Чалмерс и министерот за финансии Кејти Галагер.
Левичарската Лабуристичка партија на Албанес победи и ја замени конзервативната коалиција и нејзиниот претходник Скот Морисон, на изборите во саботата. Коалицијата беше на власт девет години, а за тоа време се сменија тројца премиери.
Се уште не е завршено пребројувањето на гласовите за да се утврди дали партијата на Албанес ќе има мнозинство во парламентот.
„Сакам да водам влада која го има истото чувство на оптимизам и се надевам дека ќе го дефинира австралискиот народ“, рече Албанес во Сиднеј, пред да тргне во главниот град на земјата, Канбера, за да положи заклетва.