Епидемиолозите во Франција предупредуваат: ситуацијата со британскиот вид на коронавирусот алармантна

пред 4 години

39 проценти од случаите со коронавирус во и околу Париз се од британскиот вид, предупреди специјалист за инфективни болести во париската болница Тенон.

„Ситуацијата е алармантна“, изјави епидемиологот Жил Пијалу, додавајќи дека од здравствена перспектива не гледа можност како Франција ќе избегне нов општ карантин.

Експертот за вируси и член на владиниот научен совет Бруно Лина истакна дека во Франција пристигнале позаразни видови на коронавирус, но смета дека нивното ширење не е толку брзо како што првично се сметаше.

„Засега, имаме чувство дека доаѓањето на овие видови е делумно забавено“, изјави Лина.

Тој додаде дека јужноафриканскиот вид на вирус моментално сочинува помеѓу 2 и 3 проценти од вкупните случаи на инфекција во Франција.

Вчера таму имало 18.870 нови случаи на инфекција и 508 смртни случаи.

Share
Scroll to Top