Ердоган: Европска Унија им подлегна на уцените

пред 4 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека ЕУ подлегнала на уцените од Грција и Кипар во врска со ситуацијата во источен Медитеран.

Тој ѝ го рече тоа на германската канцеларка Ангела Меркел за време на видеоповик, пренесува „Ројтерс“.

Ердоган ѝ рече на Меркел дека минатонеделните одлуки донесени на самитот на ЕУ не се доволни за надминување на проблемите во односите меѓу Анкара и Брисел, соопштено е од кабинетот на Ердоган.

Share
Scroll to Top