Ердоган и Путин телефонски разговарале за војните во Сирија и Украина

пред 2 години

Дирекцијата за комуникации на турското претседателство соопшти дека Ердоган и Путин разговарале за повеќе теми, меѓу кои и актуелната ситуација во Сирија и Украина зафатена од војна и воспоставување безбеден коридор за извоз на жито од пристаништата на Црното Море.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Нагласувајќи дека за време на разговорите е посветено големо внимание на важноста од проширување на прекуграничниот механизам во Сирија, во соопштението за медиумите се наведува дека Ердоган рекол дека е време да се преземе акција во однос на планот на Обединетите нации за воспоставување безбедни коридори за извоз на жито од пристаништата во Црното Море,пренесе Н1.

Повторувајќи дека војната меѓу Украина и Русија треба да заврши со траен и праведен мир, преку преговори, турскиот претседател Ердоган рече дека Турција е подготвена да го даде секој можен придонес за ревитализација на преговарачкиот процес.

Share
Scroll to Top