Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се разликува од Адолф Хитлер и ги спореди нападите на Израел врз Газа со нацистичкото прогонство на Евреите.
Говорејќи на настан во Анкара, Ердоган ја повтори својата критика за поддршката на Западот за Израел и додаде дека Турција е подготвена да ги пречека академиците и научниците, кои се соочија со прогон поради своите ставови за конфликтот во Газа, пренесува „Ројтерс“.
Турскиот претседател минатата недела рече дека е срам за човештвото што толку многу „славни“ земји стојат со скрстени раце пред израелските „варварски напади, масакри и грабежи“.
„Историјата ќе ги суди оние што се одговорни за предизвикување на оваа одвратна слика, оние што се обидоа да ја легитимираат и оние што замижуваа пред тоа“, рече Ердоган на минатонеделната церемонија на претседателските награди за култура и уметност во Анкара, пренесе агенцијата „Анадолија“.
Текстот Ердоган: Нетанјаху не се разликува од Хитлер, а израелските напади се како нацистичко прогонство на Евреите е превземен од МАКФАКС.