Ердоган понуди да посредува меѓу Русија и Украина: Сакаме мир во регионот на Црното Море

пред 3 години

Турција е подготвена да посредува во разговорите меѓу Русија и Украина, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Се надеваме дека овој регион нема да стане регион во кој доминира војна. Нека влезе во иднината како регион во кој доминира мирот“, посочи Ердоган.

„Сакаме ставот за ова прашање да се развива во позитивна насока. Можеме да посредуваме за тоа, ќе разговараме за ова прашање со нив, би сакале да учествуваме во решавањето на проблемот преку развивање дијалог и со Украина и со господинот Путин“, додаде тој по враќањето од Туркменистан.

Ердоган, според извештаите на медиумите, изјавил дека Турција сака мир во областа на Црното Море, потсетувајќи дека на таа тема често разговарал со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Share
Scroll to Top