Ердоган: Турција е подготвена да ги нормализира односите со Сирија

Ердоган со премиерот на Либан: Исклучително се опасните напорите на Израел да ја прошири војната

пред 4 месеци

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска, телефонски разговараше со либанскиот премиер Наџиб Микати изразувајќи жалење за смртта на луѓето во истовремените експлозии на пејџери во Либан.

Ердоган му рекол на Микати дека аспирациите на Израел да го прошири конфликтот во регионот се исклучително опасни и дека ќе продолжат напорите да се запре израелската агресија, пренесува „Анадолија“.

Пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах вчера експлодираа истовремено во јужен Либан, а Хезболах денеска објави дека бројот на загинати во експлозијата се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите.

Текстот Ердоган со премиерот на Либан: Исклучително се опасните напорите на Израел да ја прошири војната е превземен од МАКФАКС.