Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС

Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС

пред 7 часа

Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.

Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.

Текстот Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top