Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира во наредните денови да има телефонски разговори со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, за ситуацијата во Украина, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.
Тој рече дека Анкара одржува постојани телефонски контакти со Русија и Украина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на турската НТВ.
Чавушоглу додаде дека атмосферата на разговорите Москва-Киев е променета.
– Но, не губиме надеж, ги продолжуваме дипломатските напори да организираме состанок на лидерите, да постигнеме одржлив прекин на огнот – посочи Чавушоглу.
Тој оцени дека доколку воените дејствија ескалираат во наредните денови, ќе биде тешко да се постигне договор за прекин на огнот.
Четвртата рунда од руско-украинските разговори лице в лице се одржа во Истанбул на 29-ти март.