Ерменскиот претседател ненадејно поднесе оставка

пред 2 години

Ерменскиот претседател Армен Саркисјан ненадејно поднесе оставка, според соопштението објавено на неговата официјална веб-страница.

Како што јави агенцијата РИА, ерменскиот претседател изјавил дека таа одлука ја донел поради фактот што не постојат инструменти за влијание врз внатрешната и надворешната политика.

Минатата година Саркисјан се најде во расправија со премиерот Никола Пашинјан за неколку прашања, вклучително и смената на командантите на вооружените сили.

Share
Scroll to Top