ЕУ жали за протерувањето на нејзините дипломати од Русија

пред 2 години

Мисијата на ЕУ во Русија денеска изрази жалење за одлуката на Москва да протера 18 претставници на Делегацијата на Европската Унија, оценувајќи дека таквиот потег дополнително ќе ја зголеми изолацијата на Русија.

„ Одлуката на руските власти објавена денеска нема никаква основа и не е ништо друго освен одмазда“, се вели во соопштението на мисијата на ЕУ во Русија на Телеграм.

Русија претходно објави дека „како одговор на непријателските дејствија на ЕУ“, 18 вработени во Делегацијата на ЕУ во Русија се прогласени за персона нон грата и дека наскоро ќе мора да ја напуштат Русија.

ЕУ на 5 април прогласи за непожелни 19 руски дипломати, а како причина Брисел го наведе „учеството во активности спротивни на нивниот дипломатски статус“.

Share
Scroll to Top