ЕУ не јa менува листата на безбедни земји за патување поради Ковид-19

пред 3 години

Европската Унија оваа недела нема да го смени списокот на земји кои се безбедни за патување.

ЕУ ќе дозволи засега да продолжат патувањата од Соединетите Американски Држави, и покрај големиот број случаи на коронавирус во таа земја.

Листата во моментов вклучува околу 20 земји, вклучувајќи ги САД, Јапонија и Австралија, кои се сметаат за безбедни од здравствена гледна точка.

Списокот ќе се прегледа повторно за две недели, па дури и порано во случај да се промени ситуацијата со Ковид-19, рекоа претставници на ЕУ.

Share
Scroll to Top