ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

пред 3 години

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација, препорача Европската комисија.

Извршното тело на Европската унија, исто така, наведува дека ќе работи на зајакнување на производните капацитети на производителите на вакцини, преку мерки што може да вклучуваат инвестиции во производствени погони и побрзи регулаторни процедури за нивно одобрување, објави Ројтерс.

До март, најмалку 80 проценти од луѓето постари од 80 години и 80 проценти од здравствените работници, исто така, треба да бидат вакцинирани во секоја земја на ЕУ, соопшти Комисијата.

Секоја од 27-те влади на ЕУ управува со своите кампањи за вакцинирање, што вклучува темпо со кое сакаат да се вакцинираат и на кои групи сметаат дека треба да им се даде приоритет.

ЕУ нарача речиси 2,3 милијарди дози од одобрените вакцини против Ковид-19, но досега само два лека добиле регулаторно одобрување. Повеќето вакцини бараат две дози за да обезбедат целосна заштита.

ЕУ обезбеди 600 милиони дози вакцини развиени од „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТех“ и покрај раните прекини во снабдувањето, очекува тие да бидат доставени до крајот на оваа година. Комисијата, исто така, ги повикува земјите од ЕУ да го зајакнат својот капацитет за следење на коронавирусот со цел побрзо да откриваат нови варијанти.

Share
Scroll to Top