Плаќањето за гас според рускиот декрет, преку две сметки, едната во евра, а другата во рубли, ги заобиколува санкциите на ЕУ наметнати за Русија, изјави висок претставник на ЕУ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Русија донесе декрет со кој се бара од европските компании што купуваат гас од „Газпром“ да отворат една сметка во евра, а друга во рубли. Русија смета дека исплатата е извршена дури кога еврата ќе се претворат во рубли.
Високиот функционер на ЕУ, кој побарал да остане анонимен, вели дека за ЕУ не е спорно што европска компанија за гас отвора сметка во Русија во евра, но отворањето друга сметка кај Газпромбанк во рубли би било заобиколување на санкциите.
Претворањето на еврата во рубли се врши преку руската централна банка, која е под санкции на ЕУ, и секоја трансакција со неа е заобиколување на санкциите, рекол претставникот.
„Имаме информации дека средствата платени во евра одат во руската централна банка, која потоа ги менува во рубли, но без никакво временско ограничување. Тоа значи дека европската компанија што уплатила на некој начин ја кредитира руската централна банка“, вели изворот.