ЕУ подготвува досега најсилен удар против Русија

ЕУ подготвува досега најсилен удар против Русија

пред 5 часа

ЕУ е подготвена значително да ги прошири санкциите против Русија во наредните месеци, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, за германски весник.

„Санкциите на ЕУ веќе скапо ја чинеа Русија, лишувајќи ја нејзината воена машинерија од повеќе од еден билион евра, а за есен предлагам најдалекусежни санкции и додавање нови поединци и субјекти на списокот на санкционирани од почетокот на војната“, изјави таа за германскиот весник „Ди Велт“.

„Притисокот мора да се зголеми сè додека Москва не ја заврши војната“

„Откако ќе бидат усвоени, тие веднаш ќе го зголемат вкупниот број на санкционирани руски субјекти за една третина. Притисокот мора да продолжи да се зголемува сè додека Москва не ја заврши војната“.

Калас не даде дополнителни детали за времето или содржината на новиот пакет санкции.

ЕУ го одобри својот последен пакет санкции против Русија во јули поради војната во Украина, воведувајќи ограничувања на банкарскиот сектор и мрежите поврзани со криптовалути.

Текстот ЕУ подготвува досега најсилен удар против Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top