ЕУ ќе забрани плаќање со готовина над 10.000 евра

пред 3 години

Европската комисија има намера да воведе горна граница за плаќање со готовина.

Во борбата против перењето пари, Комисијата размислува за забрана на плаќања во готовина за износ над 10.000 евра, објави комесарката за финансии Мејрид Мекгинис во изјава за германски „Ѕидојче цајтунг“.

„Зборуваме за горната граница од 10.000 евра. Многу е тешко да носите толку пари во џебовите. Повеќето луѓе не го прават тоа”, рече таа.

Забраната ќе биде дел од пакетот предлози на законот за борба против перење пари што комисијата има намера да го претстави во јули.

Мекгинис вели дека со поддршка на членовите сака да формира институција на ЕУ за борба против перење пари и финансирање тероризам.

„Ќе има многу надлежности и директно ќе ја надгледува политиката против перење пари на големите банки“, објасни комесарката.

Според неа, тој пакет мерки ќе биде голем напредок во борбата против перењето пари.

Share
Scroll to Top