Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е исклучително висока, покажаа новите резултати

пред 4 години

„Вакцината против коронавирусот на кинескиот производител „Синовак Бионтек“ ефикасно спречува смрт во 98 проценти од случаите и спречува хоспитализација во 96 проценти“, изјави денеска официјален претставник на Министерството за здравство на Индонезија.

Тоа беше утврдено со анализа на индонезиски научници, пренесува „Ројтерс“.

Прелиминарната студија е направена врз основа на податоците за здравствената заштита на работниците во Џакарта кои ја примиле вакцината „коронаВак“ во периодот од јануари до март оваа година.

Share
Scroll to Top