ЕMA: Лекот на „Фајзер“ против Ковид-19 ќе биде во употреба за неколку недели

пред 3 години

Од Европската агенција за лекови наведуваат дека веќе почнале да ги разгледуваат податоците од лабораториските и клиничките студии, како и резултатите од студијата за употреба на лекот Паксловид кај нехоспитализирани и невакцинирани пациенти со Ковид-19.

Европската агенција за лекови (ЕМА) започна со евалуација на оралниот антивирусен лек, а условното одобрување и пуштање во промет на лекот би можело да се изврши по забрзана процедура за неколку недели, велат од централата на ЕМА.

Лекот се користи за лекување на благи до умерени симптоми на коронавирусот кај возрасни и адолесценти (на возраст од 12 години и постари со тежина од најмалку 40 кг) кои се изложени на висок ризик од прогресија во тешка форма на Ковид-19.

Во декември 2021 година, Управата за храна и лекови на САД издаде одобрение за употреба на Паксловид за третман на високоризични случаи на коронавирусот на возраст од 12 години и постари и оние со тежина од најмалку 40 килограми.

Share
Scroll to Top