Железничка несреќа во Русија: 19 вагони излетаa од шините

Железничка несреќа во Русија: 19 вагони излетаa од шините

пред 10 месеци

Едно лице е полесно повредено утрово во Рјазанската област, Русија, кога 19 вагони на товарен воз излетале од шините, соопшти Руската железница.

Со полесни повреди се здобил помошникот на машиновозачот.

Се нагласува дека поради инцидентот нема опасност по животната средина.

Во соопштението се наведува дека, според првичните информации, поради интервенција на неовластени лица во работењето на железничкиот сообраќај, 19 вагони од товарниот воз излетале од шините, пренесе агенцијата РИА Новости.

Текстот Железничка несреќа во Русија: 19 вагони излетаa од шините е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top