Жена го заборавила мобилниот телефон во кафуле, а потоа во него нашле ужасни видеа и ја уапсиле

Жена го заборавила мобилниот телефон во кафуле, а потоа во него нашле ужасни видеа и ја уапсиле

пред 6 месеци

Сопственичката на мобилен телефон од Флорида му се јавила на келнерот да провери дали нејзиниот мобилен е таму. Таа му ја дала и шифрата. Го отклучил мобилниот телефон и во истата секунда повикал полиција. Тоа што го видел на телефон го згрозило.

Жената завршила во притвор поради детска порнографија.

Кога истражителите го прегледале телефонот во кој ја пронашле одвратната детска порнографија, забележале дека жената што го држи мобилниот има виолетова боја на нокти. Во моментот на апсењето, 37-годишната Ешли Линч од Јупитер, Флорида, имала токму таков лак на ноктите. Таа беше во притвор со кауција од 135.000 долари.

Полицијата во телефонот нашла вознемирувачка содржина со деца на возраст од 6 години! Во телефонот имало и фотографија од нејзината возачка дозвола, како и фотографија од виолетов лак за нокти, идентичен со оној на лицето кое ја снима одвратната снимка.

Текстот Жена го заборавила мобилниот телефон во кафуле, а потоа во него нашле ужасни видеа и ја уапсиле е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top