Жена на избирачкото место прашала каде може да добие 5.000 динари „за Вучиќ“

Жена на избирачкото место прашала каде може да добие 5.000 динари „за Вучиќ“

пред 3 часа

🔴Најновите вести за изборите во Србија следете ги ОВДЕ.

Членка на избирачки одбор во Крагуевац тврди дека помлада жена непосредно пред да го уфрли гласачкото ливче во кутијата ја прашала каде може да подигне 5.000 динари „за Александар Вучиќ“.

Според нејзиното сведоштво, инцидентот се случил денеска во 14:25 часот, објави порталот „Глас Шумадије“.

Членката на одборот вели дека не ѝ дала одговор на жената, објаснувајќи ѝ дека не се занимава со такви работи.

Во меѓувреме, Зеленo-левиот фронт соопшти дека спречил купување гласови на избирачки места во Нови Сад.

Текстот Жена на избирачкото место прашала каде може да добие 5.000 динари „за Вучиќ“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top