Жителите на Киев ја поминаа ноќта во засолништа и подруми

пред 2 години

Руската армија го стега кругот околу Киев, а од 04:30 часот по локално време експлозии одекнуваат во Киев.

Од вчера се водат жестоки борби. Руските сили напаѓаат од повеќе правци, поддржани од сепаратистите и Белорусија. Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите.

Дел од населението на Киев се крие од воздушни напади во засолништа и станици во метрото. Повеќето од нив ги имаат само најпотребните работи со себе, а спијат на столчиња и картони.

Би-Би-Си вчера разговараше со Светлана, училишна работничка.

„Не разбираме што правиме сега – одиме на место каде што можеме да бидеме безбедни“, вели Светлана. Но, таа е загрижена за нејзиното семејство кое живее во Мариупол, пристанишен град на југоисток.

“Не можам да кажам се што чувствувам. Многу сум исплашена”, додала Светлана.

Дел од населението на Киев синоќа се обиде да најде заштита од руски ракети во подрумите на зградите и училиштата.

„Мораме да ја браниме нашата земја“

Би-Би-Си вчера разговараше со еден од 900.000 резервисти на украинската армија, Марко, кој вели дека е подготвен да биде повикан да се бори против Русија.

„Немаме друг начин. Мораме да ја браниме нашата земја. А можеби и да умреме во оваа војна“, рече тој. Тој вели дека е подготвен да биде убиен борејќи се за секој милиметар Украина.

„Тоа е само еден начин – ако нашата војска дојде кај мене и рече дека мора да умрам за мојата земја, ќе го сторам тоа.

Share
Scroll to Top