Од канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопштија дека украинската армија убила уште еден руски генерал, пренесува „Киев Индипендент“.
Рускиот генерал Јаков Рјезанцев е убиен во Чорнобаивка северно од Керсон, каде што се водат жестоки борби меѓу Украинците и Русите, тврди Олексеј Арестович, советник на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Украинските сили го убиле командантот на 49-та руска армија на Јужниот округ, генерал Јаков Рјезанцев, во напад на Чорнобаивка кај Керсон“, истакна Арестович.
⚡️Another Russian general killed in Ukraine.
Yakov Ryezantsev was killed in Chornobaivka, a site of intense fighting just north of Kherson, according to Oleksiy Arestovych, advisor to the head of Ukraine’s presidential office. pic.twitter.com/V9BNrmg08M
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) March 25, 2022
Доколку оваа информација биде и независно потврдена, тоа ќе биде шестиот руски генерал убиен во инвазијата на Украина.