Заем од 750 милиони американски долари од Светската банка за Јужна Африка за закрепнување од корона кризата

пред 2 години

Светската банка одобри заем од 750 милиони американски долари поврзан со Ковид-19 за Јужна Африка, чија цел е заштита на сиромашните и поддршка на економското закрепнување од пандемијата, соопшти јужноафриканското министерство за финансии.

Јужна Африка, втората по големина економија на континентот, е тешко погодена од четирите бранови на зараза кои убија околу 94.000 луѓе и заразија 3,5 милиони, што е најголем број во Африка.

Последователните локдауни поради заштита на луѓето доведоа до затворање на илјадници бизниси, зголемувајќи го бројот на невработени, што, пак, доведе до пораст на стапката на невработеност во Јужна Африка минатата година.

„Поддршката од Светска банка доаѓа во критично време за нас“, рече Дондо Могајане, генерален директор на Државниот трезор.

Средствата од заемот за развојна политика ќе помогнат да се премости финансискиот јаз што произлегува од дополнителните трошоци за кризата со Ковид-19, додаде тој.

Share
Scroll to Top