Заразените функционери во Словачка ќе можат да доаѓаат на работа ако немаат симптоми

пред 3 години

Највисоките државни функционери во Словачка, како претседателот, министрите, членовите на парламентот, државниот обвинител, полицајци, војници и некои други службеници ќе можат да ги продолжат своите активности дури и ако имаат Ковид-19, но без симптоми, објави словачката управа за јавно здравје (УВЗ).

Според Декретот објавен денесла на веб-страницата УВЗ, на заразените лица од горенаведените групи ќе им биде дозволено да ја извршуваат својата работа, во случај нивното евентуално отсуство да го загрози водењето на државата и извршувањето на итни активности.

Тие ќе мора да носат FFP2 или понапредни заштитни маски, да користат ракавици и да ги дезинфицираат рацете, како и да го ограничат движењето на нивното работно место, пренесува ТАСР.

Словачката владејачка коалиција, која обично има парламентарно мнозинство и може да донесе уставни амандмани, не може да собере доволно гласови, поради задолжителната самоизолација на некои нејзини пратеници, за закон со кој би можело да се продолжи вонредната состојба за повеќе од 90 дена.

Share
Scroll to Top