Захарова: Дали Западот ќе воведе санкции кон Сеул?

Захарова: Дали Западот ќе воведе санкции кон Сеул?

пред 10 месеци

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска праша дали Западот ќе воведе санкции кон Јужна Кореја откако влезот во зградата на јужнокорејскиот парламент беше блокиран, а земјата прогласи воена состојба.

„Што одлучија Литванија, Латвија и Естонија за ова? Дали ќе се воведат санкции против Сеул? Или Јужна Кореја ќе има повеќе среќа од Грузија?“, изјави Захарова на каналот Телеграм.

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол најави воведување воена состојба претходно денеска, „за искоренување на про-севернокорејските сили и заштита на слободата и уставниот поредок“, а активностите на парламентот, политичките партии и здруженијата во Јужна Кореја се суспендирани до нејзиното укинување.

Текстот Захарова: Дали Западот ќе воведе санкции кон Сеул? е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top