Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека западните земји го игнорираат фактот дека испораката на оружје за Украина сигурно ќе доведе до проширување на црниот пазар на оружје во Западна Европа, а дел од оружјето од Украина веќе е прошверцувано во Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
– Тие веруваат дека ова е билет во еден правец, веруваат дека сега се ослободуваат од застареното оружје што го испраќаат во Украина или во трети земји. Сепак, забораваат дека пратките со оружје испратени во Украина ќе доведат до проширување на црниот пазар на оружје, особено во Западна Европа и на Балканот – рече Захарова.
Според неа, властите на земјите снабдувачи засега молчат по ова прашање, но независните експерти и релевантните структури, како што е Интерпол, веќе „алармираат“, пренесуваат светските агенции.