Захарова до Западот: „Европа се претвора во неонацистичко чудовиште“

Захарова до Западот: „Европа се претвора во неонацистичко чудовиште“

пред 4 часа

Западна Европа, која некогаш, благодарение на советските војници, се ослободи од фашизмот и нацизмот и доби вистинска слобода, сега се обидува да се претвори во неонацистичко, милитаристичко чудовиште, рече Марија Захарова.

Захарова на прес-конференцијата рече дека „е застрашувачки да се замисли што ќе се случеше со Европа, особено со нејзиниот западен дел, ако советските војници не го уништија фашизмот и нацизмот и со тоа (Европејците) не донесоа ослободување, не само живот, туку пред сè вистинска слобода“, пренесува Спутник.

„Гледаме како се справија со тоа. Преживеаја 80 години, а сега токму оваа Западна Европа се обидува со сите сили да се претвори во истото неонацистичко, милитаристичко чудовиште“, истакна Захарова.

Таа нагласи дека нацизмот во современа Европа „не само што повторно го покажува своето лице, туку и самите го охрабруваат и го негуваат“, додека Европа е исклучиво зафатена со милитаризација и се приближува кон многу опасна граница.

„Сега, кога Европа се приближува до многу опасна граница, кога е преокупирана исклучиво со милитаризација и не знае како поинаку да им објасни на своите граѓани зошто треба да го финансира режимот во Киев и неговиот тероризам, свеста за тоа колку е кревок мирот станува сè појасна за нормалните луѓе“, истакна Захарова.

Претходно, Захарова изјави дека земјите што зазедоа пронацистички позиции пред 80 години сега се обединија околу режимот во Киев за да го искористат за спроведување на своите „реваншистички манични цели“.

Текстот Захарова до Западот: „Европа се претвора во неонацистичко чудовиште“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top