Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, им порача на европските претставници да се подготват за дополнителни трошоци поради Украина, реагирајќи на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека на Киев сè уште му недостасуваат 25 милијарди евра за финансирање во 2027 година.
„ЕУ подгответе се “, напиша Захарова на својот Телеграм канал.
Причината за нејзината реакција беше изјавата на Зеленски дека на Украина ѝ се потребни најмалку 115 милијарди евра за следната година за да може да продолжи да ги финансира своите потреби и воените напори. Според неа, Киев смета на 90 милијарди евра од европските партнери, додека за преостанатите 25 милијарди треба да се најдат дополнителни извори на финансирање.
На 18 ноември, Европската комисија предложи дополнителна финансиска поддршка за Украина во износ до 45 милијарди евра за 2027 година. Од таа сума, до 25 милијарди евра би биле наменети за воена помош, а до 20 милијарди за поддршка на украинскиот буџет.
Предлогот е дел од поширок план за финансирање на Киев, а неговата имплементација зависи од понатамошните одлуки на институциите и земјите-членки на Европската Унија.
Лидерите на ЕУ треба да разговараат за финансиските потреби на Украина за 2027 година и следниот период на самитот на 26 и 27 ноември.
Фото: ЕПА
Текстот Захарова за дополнителните милијарди за Киев: Европејци, подгответе се е превземен од МАКФАКС.





