Oд Лондон во секунда им свртеа грб на ‘британските платеници’ кои беа заробени во Донбас, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Тие со невидена леснотија ги напуштаат нивните државјани кои се таму заробени, мислам на британските граѓани во Украина“, изјави Захарова за радиото „Спутник“, а пренесува РИА Новости.
Како што рече Захарова, во Лондон буквално му свртеле грб на својот народ во секунда, велејќи дека тоа е, сепак, нивна работа.