Захарова: НАТО се шири на сите страни – целта е пораз на Русија

Захарова: НАТО се шири на сите страни – целта е пораз на Русија

пред 2 часа

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека НАТО ја шири својата активност и влијание во повеќе региони, со цел да ѝ нанесе „стратешки пораз“ на Русија, пренесе ТАСС.

Таа оцени дека Алијансата не делува само од запад, туку се насочува и кон југот на Русија, Далечниот Исток, како и кон азиско-пацифичкиот регион и северните области.

Според Захарова, НАТО не е заинтересиран за нормализација на односите, туку единствената цел му е ослабување на Русија. Додаде дека немало вистинска волја од страна на Алијансата за градење механизми за намалување на тензиите.

Текстот Захарова: НАТО се шири на сите страни – целта е пораз на Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top