Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров денеска изјави дека Западот продолжува да го уништува руското информативно присуство.
– Во земјите од Западот продолжува уништувањето на руското информативно присуство – истакна Захарова, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Според неа, властите на западните земји законски го оправдуваат малтретирањето на руските новинари, а во тој процес им се придружија и најголемите американски информатички и технолошки компании.