Захарова: Русија е подготвена да продолжи конструктивен дијалог со САД за гаранциите

пред 3 години

Русија покажа работен дух за време на разговорите со САД за безбедносните гаранции и е подготвена да продолжи со конструктивен дијалог, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Од наша страна, ние го демонстрираме и покажуваме овој дух и подготвени сме да продолжиме да работиме“, рече Захарова, коментирајќи ги резултатите од руско-американските консултации за безбедносните гаранции во Женева, пренесува ТАСС.

Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, „нема драма“ по соодветниот работен колосек, а сега претстојат разговори за безбедносните гаранции на седницата на Советот НАТО-Русија во Брисел и на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

Share
Scroll to Top